Политика за испорака

Политика за испорака на производи

Услови за испорака

По направената онлајн нарачка на производите, вашите податоци (име, презиме, адреса, e-mail, телефонски број, вид на производ и количина) влегуваат во нашиот систем и се испраќаат до компанијата која ја врши дистрибуцијата (ЕЛС- Еко Логистик Сервис). Испораката се врши преку надворешни партнери. Испорака не се врши по 15 часот во сабота, ниту во недела и државни празници.

Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на Just Smile, од понеделник до петок од 09:00 дo 17:00 ч. Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Северна Македонија.

Рок за испорака

Периодот за испорака зависи од вашата локација. Стандардниот рок на испорака е од 3 до 5 работни дена од моментот на потврда на нарачката. За одредени рурални подрачја и помали населени места, испораката може да се врши еднаш или два пати неделно. Нарачките направени после 17 часот ќе се обработат следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во петок после 17 часот, сабота, недела или неработен ден, обработката ќе започне од првиот следен работен ден.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Just Smile не може да преземе одговорност, но тука сме да го решиме секој проблем брзо и ефикасно.

Адреса за достава

Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која ја наведете при самата порачка. Ќе бидете исконтактирани по телефон од страна на компанијата за достава за да го потврдите датумот и времето на испорака. Ако не сте во можност да ја примите пратката во тој момент, можете да договорите нов термин и адреса. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена во Just Smile и ќе бидете исконтактирани за понатамошни чекори.

Цени за достава

  • За нарачки над 2000 денари, испораката е бесплатна.

  • За нарачки под 2000 денари, испораката чини 170 денари на целата територија на Република Северна Македонија.

Прием на производи

Производите се испорачуваат до влезната врата на вашата куќа или до влезот на станбената зграда. Тие се пакувани во соодветна амбалажа за заштита од оштетувања и се осигурани против губење или оштетување за време на транспортот  со декларација на производот.

При преземање на производите, купувачот треба да ја провери точната бројка на доставени производи и евентуални оштетувања при транспорт. Доколку има неправилности, купувачот треба веднаш да ги пријави на нашата e-mail адреса crestmacedonia@hotmail.com или на телефонскиот број за поддршка. Подоцнежни рекламации за надворешни оштетувања нема да бидат прифатени.

Враќање и замена

Купувачот има право да врати производ во рок од 6 дена од денот на испорака, под услов производот да биде во оригинална состојба, неупотребуван и неотпакуван, со сите оригинални етикети и ознаки.

Според Законот за заштита на потрошувачи, купувачот може да го замени производот доколку тој не одговара по формата, големината, моделот, бојата или бројот, а има соодветен квалитет. Замена е можна само ако производот не е употребуван и ако се чуваат неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и фискалната сметка.

Ако во моментот на барањето за замена не е достапен соодветен производ, купувачот може да избере да го врати производот и да побара враќање на платениот износ.

Последни промени – 18.02.2025 год.